Луѓето што се носат вака не сметаат дека носат костими, туку дека се облекуваат на начин што им дозволува да си бидат верни на идентитетот, дури и дека се изразуваат уметнички.
„Да не можев вака да се облекувам, немаше да можам да бидам јас,“ вели еден креатор на модни содржини на ТикТок. „Добивам многу шанси да се поврзам со други што се облекуваат во clowncore, а со некои разменуваме и накит.“
@kelley.heyer More of these looks coming soon #clowncore #fashiontrends2022 ♬ SugarCrash! - ElyOtto
Театралната природа на трендот се подразбира, но токму овие ескапистички квалитети го движат - желбата да се биде „будалест“, чувството на радост кога се дотеруваш во неговите рамки и дозволата да бидеш некаков лик.
Трендот се одвива главно онлајн, но не е дека не се провлекол на писти.
Ако ви требаат директни паралели со висока мода, нека ви текне на ефектот на оживување нa y2k модата, или ерата на Галијано во Диор.
@oldloserinbrooklyn Are clowns fashions next muse? #clowncore #clowns #fashiontrends2022 #fashiontoktok #highfashion ♬ Violin - Cookiee Kawaii
Што значи, може треба да бидеме спремни. Кловновите ги има насекаде во моментов, и модно гледано и фигуративно. На некои може ќе им се чини како намерно правење карикатури, но за многумина, сплетот од примарни бои и текстури што наводно не одговараат не е само за шоу - ним кловновската гардероба им се сведува на акт на себеафирмација - за рекламирање на нивното најгласно, најхрабро јас, и тоа со гордост.
„И ако направиш кловн од себе додека работиш на тоа - уште подобро.“