Правецот во кој сега се движи именувањето на оваа група производи е про-кожа, анти-брчки, обновување, регенерација, заобленост или сјаење.
„Сето ова паѓа во позната категорија: работи кои во основа се безвезни, ама не можеш да им се противиш затоа што се претходно било полошо. Сепак, принципот е дека секој видлив знак на стареење кај жената е одвратен, без разлика дали тоа е брчка или севкупното влијание што животот го имал врз неа.
Меѓутоа повеќе не е прифатливо да се засрамува жена за нејзината возраст, бидејќи времето сите нè минува. Наместо тоа, таа мора да биде обвиена низ провидни еуфемизми.
По мене засрамувањето за години е полошо отколку засрамувањето за дебелина, бидејќи не само што целата вредност на жената ја сведува на нејзиниот изглед, поттикнува омраза кон самата себе и потоа ја инструментализира истата за профит, туку тоа негира секаква вредност на искуството, а со тоа отпишувајќи ја жената како општествен ентитет,“ пишува Зои Вилијамс во текстот за Гардијан.
Прашањето на Вилијамс е дали е во ред терминот „анти-стареење“ да стане табу додека неговиот комплетен апаратус останува недопрен.
„Ако стравот од смртноста е универзален, тогаш обидите за бришење на потсетниците за нејзе се разбирливи. Не е феминистичка должност да изгледаш како згужвана крпа. Туку кога суетноста е туркана од бизнис и пари таа станува репресивна и несразмерна. Анти-стареење е ОК збор и ОК стремеж, под услов дека не се навлекуваш на овие производи, не почнеш да правиш маски за лице од вино или не бањаш во млеко од магарица, како Клеопатра, која од никого не била репресирана,“ порачува Вилијамс.