Легендата вели дека во древен Рим, Ромул предвидел смртна казна за жените кои ќе бидат фатени како пијат. Законот за џин од 1751 ги забранил продавниците на овој алкохол на англиските жени. Сепак, тие не се откажале - имало жени кои работеле на шанкови и како келнерки, кои го дестилирале и уште позначајно, кои биле уживателки на алкохол насекаде на светот. И тоа не само рамо до рамо со мажите, туку и чекор понапред. Терминот „брајдл“ (невестински), на пример, доаѓа од bride-ale, англиска традиција на собирање пари за свадба, церемонија за која идната невеста требало да произведе големо кочилество пиво и да направи голема журка. Во Виетнам, зборот „нау“ истовремено значи да правиш алкохол и да готвиш - во кујна, каде традиционално ѝ е местото на жената.
Во октомври излезе нова книга под наслов „Женски пијачки: светска историја на жените и алкохолот“ од Малори О’Меара (на фотографијата). Во неа приказната за жените и алкохолот се поврзува со темите на родот, колонизацијата и класната припадност. Домородните јужноамериканки, произведителки на алкохол, се занимавале со оваа работа како вид отпор кон католичките колонизатори. Под апартхједот, јужноафриканските жени спровеле бојкот, кој траел со децении, на општинските пивници, произведувајќи свој вид пиво umqombothi (пиво од пченка или сирак).
Но освен овие анонимни жени, книгата содржи и приказни за славни личности како Екатерина Велика, која ја поддржала и заживеала индустријата на производство на вотка во Русија; Хилдегард фон Бинген, калуѓерка која веројатно е првата која додала хмељ во пивото; Тацу-ума Кјо, која изградила империја на сакето, но била речиси заборавена; Гертруда „Клео“ Литго, славна „бутлегерка“ (криумчарка на алкохол) од времето на прохибицијата; и барменката Ада Колман, која е заслужна што денес има толку многу, и толку добри коктели.
Дури и по „машките“ пијачки, како скочот (шкотското виски) и бурбонот, им должат многу на жените. Една Шкотланѓанка, Беси Вилијамсон, го популаризирала скочот во САД.
О’Меара се ограничува на европската и источно-азиската страна на приказната, барем засега. Таа тврди дека често била фрустрирана од недостаток на материјали на темата, но тоа била уште една причина повеќе за да ја напише својата.