30-те милиони припадници на народот Хауса во северна Нигерија имаат богата и долга историја, која во последниве години е обележана со теророт и бруталноста на џихадистичката милитантна група Боко Харам. Тоа, значи, не е баш место каде што би очекувале процут на литературно движење на жени-муслиманки, а особено не такво кое произведува љубовни романи, но со јасни политички пораки.