Начинот на којшто човек (читај: жена) може да се најде пред објективот на Спинел е следен: постои конкурс кој ги повикува жените да му напишат љубовно писмо на своето тело, и на тој начин се кандидираат за фото-сесија со тимот на Шејмлес.
„Добиваме стотици прекрасни писма од целиот свет", изјавила Спинел за Хафингтон пост. „Луѓе болни од рак, жртви на силувања, мајки на седум деца, транс-жени, танчарки на шипка...Објавуваме избор од писмата и ги поттикнуваме луѓето да ги читаат и да ги споделуваат, на тој начин ширејќи ја пораката за љубов кон нашите тела, какви и да се".
Една од работите кои ги научила фотографката од средбите со овие луѓе е - дека самодовербата во однос на сопственото тело е толку ретка работа, што дури и вистински убавите луѓе (според стандардите на западната култура, нели), мислат дека нешто им фали, а тоа има огромно влијание врз нивниот пристап кон животот.
Најважната публика за оваа серија фотографии се всушност самите модели. „Се надевам дека кога ќе ги погледнат овие слики тие ќе видат колку се навистина моќни, инспиративни и убави", вели уметничката.
Па да се пријавиме, а?