20% од испитаниците изјавиле дека преферираат шефица, додека околу 34% изјавиле дека попрво би сакале шеф. На останатите не им правело разлика. Истражувањето на Галуп анкетира 1.032 луѓе од САД, кое покажува дека кај жените 39% сакаат да бидат водени од маж, додека кај мажите само 26% инсистираат на машки шеф.
Бројките од годинава се горе-долу слични на резултатите што Галуп ги добива во последните 60 години од анкетата на истата тема. За сите овие 6 децении, жените никогаш не преферирале шефица.
Меѓу истражувањата на темата е едно од 2010-та во кое од 142 правни асистентки, ниту една од нив не изјавила дека би сакала да работи со женски партнер. (Дел од објаснувањето за ова е дека мажите доминираат во правната индустрија, и ако сакаш да напредуваш подобро е да се врзеш со маж.)
И истражувањето од 2011-та, според кое 95% од вработените жени сметаат дека барем еднаш во животот некоја друга жена им попречила во кариера. Во студија од 2008-ма се открива дека жените кои работат со жени супервизори чувствуваат повеќе стрес отколку оние кои имале машки супервизори. (Едно од објаснувањата за ваквото однесување е и стравот дека жените ќе се соочат со казни за тоа што им помагаат на други жени да напредуваат. Ова е потврдено и со студија јули годинава.)