Таг: жени

Кратка историја на депилацијата

Eден од начините на кои некои современи жени искажуваат отпор кон хегемонистичката и шовинистичка машка културна матрица е одлуката да не им биде гајле дали влакна им штрчат од под мишка или им ѕиркаат од под хулахопка. Но практиката на женско „обезвлакнување" е историски долга, а во отсуство на креми за депилација и бричеви знаела да биде и опасна.

Офсајд правилото за жени

Мажите повеќе нема да имаат проблем да им го објаснат офсајд правилото на своите понежни половини. Го имаме перфектното објаснување.

Рајски фудбалски натпревар

Клипови со секакви форми на спорт поминаа на нашиот сајт, па нема зошто да го прескокнеме и ова кое ни доаѓа од Бразил. Сепак е лето.

Автокош

Европското кошаркарско првенство за жени кое пред два дена започна во Франција веднаш ни донесе клипче за објавување. Украинската кошаркарка Алешкина сосема случајно стрелаше во погрешен кош.

Големата родова преселба на Википедија

Додека локално ја решаваме дилемата дали жената е темел, столб, тераса или лоџија на семејството, Американците си имаат свој проблем: сите писателки на Википедија, полека исчезнуваат од категоријата „Американски романсиери" и мигрираат во башка-башка категорија - пак романсиери, ама жени.

Дали „убавите круши свињите ги јадат“?

Да речеме дека дека сите се хетеросексуални и во моногамни бракови, дека има ист број на мажи и жени, дека нивната стапка на стапување во брак е иста, дека има ист процент привлечни жени како и мажи, и дека стапката на стапување во брак на привлечните луѓе од секој пол е иста.

Снагатори со цицки

Една наша соработничка замери дека на сајтов нема доволно женски теми и ист таков сензибилитет. За да ја исправиме работата, Букбокс отвара посебна рубрика - женско ќоше - со такви типични, нежни, домаќински и женски теми. Првата: снагаторство.

Лаптоп за секоја жена

Пред некое време пишувавме за родово ориентираните Бик пенкала „за неа". Бидејќи рачното пишување е цивилизациска практика која одумира, Фуџицу смислиле технолошки поисплатлива варијанта - лап топ „само за дами".

Икеа каталози без жени

Икеа деновиве првин беше критикувана за цензурирање на фотка испратена на нејзин конкурс, на која неколкумина се облечени во стилот на Пуси Рајот. Веднаш потоа мораше да се извинува за сличен потег.

Алкохолна родова рамноправност

„Пијаната жена е како улаа свиња“ - оваа македонска поговорка за Милош Васиќ е дискриминаторска. Третирајќи ги сосема еднакво во правото да се направат камен и советот да бидат умерени, тој на двата пола им порачува: какви се времињава, тешко на трезните!

Среќен ми роденден!

Не сум сигурна која е просечната возраст на нашите читателки. Но овој текст е за сите генерации. За помладите како предупредување и поука, за постарите и оние на кои им наближува роденденот, како - утеха.

Розова наука

Уште еден контроверзен спот нарачан од Европската комисија, после оној кој беше критикуван за расизам. Овој пат една посуптилна тема - жени и наука.

Од каде си? Од исток.

Првиот пат мислев дека е комплимент. После се подзамислив. По некое време сфатив дека "Жена од исток" најчесто се употребува во негативна конотација. Се однесува на жени кои за нив се неписмени и невкусно облечени. Чистачки, бебиситерки, а кога се помлади, курви. А од помладите, Италијанките се мочаат од страв.

Еден месец без шминка

Не само шминка, туку 30 дена со комплетна забрана на сите форми на женско тимарење: без креми против брчки, креми за очи, парфеми, депилација, фенирање, исправање на косата. Дозволено е само она што е потребно за најосновните хигиенски потреби. Госпоѓата е 39-годишна новинарка на Дејли Меил.