Икеа, имено, избриша женски лик од каталогот наменет за пазарот во Саудиска Арабија, сметајќи дека претставување жена и мајка во опуштена атмосфера и во пижами може да ѝ создаде проблеми во муслиманскиот свет.
Иако компанијата изрази жалење, тоа не ѝ помогна многу. Набргу се појави пародичен Тамблер, Ikea Got 99 Problems But a Bitch Aint One!, во целост посветен на бришење на женскиот лик од познати фотографии и сцени од поп културата. Еве некои од нив.