„Го купив пенкалово (очигледно по грешка) за да ги запишувам моите извештаи за секојдневните активности при мојата работа како дрвосечач. Не е добро. Ми лизга помеѓу моите прсти полни со плускавци, како фина пајажина која се спушта кој земјата помеѓу две џиновски стебла."
„О, Боже. Цело време сум правела погрешно. Постојано мислев дека не морам да се грижам за тоа дали моето пишување доволно ја одразува мојата родова припадност. Ти благодарам многу Бик што ми укажа на грешката. Веројатно Бик исто така ќе излезе со нова линија розеви (или виолетиви) женски извивач, штрафцигер, електрични дупчалки и аголна брусилка така што јас би можела да си ја вршам работата како механичар за точаци без да се брукам? Фала богу што моите машки колеги не ми бранат да ги користам и нивните алати. Толку сум засрамена. И толку одново образувана за моето место во општеството. Фала Бик!"
„Ова пенкало е супер. Го купив за сите мои женски пријателки и роднини. Тоа им овозможи, конечно, да запишуваат работи (иако можеби се уште не знаат тоа да го прават на хартија, ама па сега да не претеруваме). Мислев дека тие се само малку глупави.
Мајка ми, работлива жена која израсна 12 деца со една рака, додека со другата пеглаше (како што предвидела природата), беше потајно засрамена од нејзината неписменост. Таа долго се џареше во пишуванките на синовите и мажот и посветуваше пет минути дневно (кои инаку можеше да ги посвети на правење сендвичи) дека еден ден ќе ѝ биде доделена способноста да создаде такви чкртки и самата. Таа и понатаму е малку бавна, но овој производ дефинитивно ја поттурна работата. Ние се обидувавме да ѝ дадеме машки пенкала, но таа ги вадеше мините и го пиеше мастилото. Колку типично женски.
Како и да е, БИК конечно прави нешто за да им помогне на жените. Да се надеваме дека на повидок е линија спојувалки „за неа" - жена ми се мачи да си ги чува рецептите на купче."
„А што е тоа 'пенкало'? Ми се допаѓа затоа што е розово, но не знам што е неговата практична корист. Тате вели да не прашувам многу затоа што тоа може да ми направи брчки, и да продолжам да си го вежбам шармантниот кикот, за еден ден да ме земе некој Војвода - но не можам да не бидам заинтригирана од розовоста на ова чудо. Можам само да претпоставам дека со оглед на тоа што е розово, е за жени. Јас сум жена, па можеби би требало да го имам ова розово, таканаречено пенкало?"
„И покрај џевата, и бојата, и целиот муабет за копчиња и врвчиња кои се движат внатре-надвор, ова е најлошото дилдо на сите времиња".