Не знаеме дали поединецот или агенцијата која е ангажирана од страна на ЕК го прави ова од незнаење или со намера, ама ни изгледа како некој во позадина да дава одлични сугестии како спотовиве да ги отсликаат токму оние стереотипи кои би требало всушност да ги раскринкаат.
Три сексуално агресивни девојки (нималку налик на Марија Кири), во високи штики и без црни чорапи, упаѓаат во лабораторија во која еден млад научник (маж) се обидува да си ја врши својата истражувачка работа, и прават тотален хаос - море прскаат лакови за нокти, се топат кармини, се излеваат епрувети, бурно реагираат реагенси, се прегреваат спектрометри. А да, за сето ова да симболизира вистинска женска моќ, сè е обоено во розево.
Кога бил прашан дали е ова спот кој содржи обид за пародија, портпаролот на ЕК наместо да се извади и да го искористи финиот хинт, изјавил дека „оваа институција не ја користи иронијата и пародијата во своите кампањи“. Eве го тука оригиналниот (сега веќе повлечен) спот, и пародијата кој некој друг ја направил на негова сметка.