Ти си во продавница и на рафтот здогледуваш кондури (кои не ти требаат, ама мора да ги купиш), но пред тебе има друга девојка (на која исто така не и требаат кондурите, но и таа очајно сака да ги купи).
Вие двете сфаќате дека сте ги заборавиле ташните дома и немате пари во себе, но твојата другарка тоа го приметува и ти ја фрла нејзината ташна пред другата девојка.
Веднаш штом ташната полетува, ти можеш да се избуткаш пред другата девојка за да ја фатиш.
Ако ташната уште не е фрлена, ти не смееш да излезеш во редот пред другата девојка.
Тоа би било офсајд.