„Главоболките, според мене се подземна епидемија,“ вели Др. Гајатри Деви, професор по неврологија во Хофстра Нортвел.
А меѓу другото, се работи за епидемија што непропорционално ги напаѓа жените. Поточно, според едно ново истражување, околу двојно повеќе жени се мачат со мигрена и чести главоболки во однос на мажите. Но, колку и да е фрустрирачка главоболката, има начин за справување со симптомите.
„Нарушување со главоболка е нешто што предизвикува промена во начинот на функционирање затоа што е упорно,“ вели Деви.
Различни состојби доаѓаат со сопствен список на симптоми. Мигрената е ‘мавање’ од едната страна, пулсирачка болка што не се трпи. Се влошува кога пробуваш да се движиш и може да дојде заедно со лошење или повраќање, дури и потешкотии со видот и зборувањето. Ова знае да трае со часови и денови и да влијае на секојдневието на пациентот.
Глабоволката поврзана со притисок, она што најчесто ни се случува кога ќе кажеме „ме боли глава“ е помалку сериозна од напад на мигрена - се чувствува притисок околу главата, знае да биде благо до средно по болка и не пречи во функционирање.
Зошто баш жените?
Има неколку причини што нарушувањата се почести кај жените отколку кај мажите. Хормонските промени играат голема улога - некои жени на пример имаат мигрена околу циклусот.
Машките деца пред пубертет почесто знае да ги боли главата од девојчињата, но по пубертетот станува обратно. После менопауза, откако ќе опаднат нивоата на естроген, имате стабилни хормони, па и глабоволките можат да се проретчат.
Понатаму, жените имаат поинакви проблеми со држење што придонесуваат кон притисок во вратот и рамената. Бутната коска е поврзана со коленото и глуждот, па во основа, сето тоа се пренесува до глава. Недостатокот на сон и стресот исто така придонесуваат, а од ова почесто страдаат жени, отколку мажи.
Како решение се наведува дури и ботокс, а регуларните решенија што излегува дека се решенија за повеќе проблеми што нѐ снаоѓаат во животот се, по којзнае кој пат - физичка активност и позитивни промени во исхраната.