Парадоксално, на гигантскиот стадион „Азади“ во Техеран каде 80.000 луѓе го гледале денешниот меч против Мароко на кој Иран славеше со автогол во 95-та минута - не пуштиле ниту една жена.
На стадионот имало само мажи:
Жените не смееле да влезат на стадионот па фудбал гледале од дома:
По Исламската револуција на крајот од ’70-те години жените добиле забрана да гледаат натпревари на машки екипи. Иран е единствената земја учесничка на Светското 2018 во која владее ваков закон.
Пред неколку дена дирекоторт на стадионот „Азади“ изјавил дека жените најверојатно ќе можат да влезат на стадионот во семејна придружба или да гледаат фудбал во јавните паркови на Техеран. Но после некое време властите се предомислиле.
Иран освои големи три бода со победата и сега има 3 бода во тешката група со Шпанија и Португалија. За дуелите со овие две репрезентации не се знае дали жените ќе смеат да влезат на заедничкото гледање на стадион.
На почетокот на оваа недела властите на Иран одлучиле: во центарот на Техеран пред стартот на Мундијалот ќе има рекламни паноа со навивачи без жени меѓу нив. После бурната реакција на медиумите, ги замениле билбордите и имало жени на сите..
Еве како се гледаше дуелот Иран - Мароко во Казабланка (Мароко).
Just compare #Iran mullahs regime Officials didn't allow to watch Iran and Morocco playing at Azadi Stadium, but see the #Casablanca Stadium in #Morocco.
— mostafa.m (@MostafaMe4) June 15, 2018
The spectators waiting to see their national team play against Iran@HassanOuahrra @anwarmalek @AbdullaSAlSaed1 #FreeIran2018 pic.twitter.com/4emRBT3kZ6
Затоа Иранките уживаа во слободата во Русија: навивачките беа на трибини без хиџаб, наздравуваа со пиво и славеа голем триумф на нивната земја, прв на Светско после 1998 година кога ја победија Америка.
واقعا استاديوم بدون خانما معنی نداره
— 💙صَبــــا💙 (@miss__saba) June 15, 2018
سيبيل پارتي که نیست يه مشت زمخت دوره هم جمع بشن كه چي بشه آخه...؟ pic.twitter.com/7mJ7LNLs2x