Мароканците заиграа на Светско првпат после 20 години - последно учество им беше на Мундијалот во Франција 1998 година.
Иранците од друга страна играа во Бразил 2014, а пласманот во Русија значи дека првпат во историјата два пати по ред ќе играат на најголема сцена.
Најсериозна шанса во првиот дел од мечот имаа избраниците на Ерв Ренар кој уште во 3’ минута можеа до водство кога талентот на Ајакс Зијах слабо реагираше пред голот на Иран. Мароканците очигледно имаа повеќе од играта, беа поактивни но Иранецот Карим Ансарифад ја имаше најдобрата шанса во првиот дел откако излезе сам пред голманот на Мароко но шутираше млако во него:
Приликата на Мароко
И покрај сите напади на Мароко, Иран по една брза контра буквално во последните секунди од мечот се избори за слободен удар близу противничкиот гол. Ансарифард центрираше а Мароканецот Будадуз кој е центарфор на германски Сент Паули, со глава во стилот на врвните напаѓачи ја закова топката во своја мрежа:
Iran: Have taken the lead in a World Cup match for the first time since 1998, the last time they won a game a World Cup finals #MAR #IRN #WorldCup
— WhoScored.com (@WhoScored) June 15, 2018
Ова е втор триумф на Иран во историјата на Светските првенства. Интересно првата победа на едно Светско првенство Иран ја оствари во 1998-ма против САД (2-1) во Франција.
1 - Since 1966, Iran are the first team to score a goal in a half of football in the World Cup without attempting a single shot in that half. Fortunate. #MARIRN #MAR #IRN #WorldCup pic.twitter.com/AVD7xVJfU9
— OptaJoe (@OptaJoe) June 15, 2018
Група Б
Иран - Мароко 1-0
/Бухадуз а.г./
Португалија - Шпанија од 20 часот