На пример, овде имаме видео, кое во рок од една година е прегледано скоро 6 милиони пати (шест милиони!) каде што се зборува за сите бенефити на - бричење на женското лице.
Освен што се отстрануваат ситните влакна (за кои подржувачите на овој метод се колнат во мајки и деца дека нема шанси да пораснат подебели, поцрни и погусти), се отстрануваат и мртви клетки од површината на кожата, што пак води до подобра апсорпција на производите за нега и полесно нанесување шминка.
Ако не ви е доста, бричењето наводно помага и со темни точки на кожата, затоа што се стимулираат крвните садови, а ако сакате уште повеќе - се стимулира и производството на колаген.
Дури и Мерилин Монро го бричела лицето.
Е па? Да или не?