Кога австралиската фотографка Понч Хокс сакал да изгугла уметнички слики на голи постари жени, резултатите биле речиси никакви. Секако, по само неколку клика стигнала до „бапско порно“, а малкуте други резултати на англиски гласеле отприлика вака: „Хелен Мирен - и некои слики од постари жени во долна облека“.
Уметничкиот свет едноставно не се занимава со повозрасните жени, вели Хокс, која има 75 години. Дури и кога се претставени, во модни списанија на пример, тие се прекрасни, веројатно какви што биле и во младоста. Но не делува како да имаат нормални, туку фотошопирани тела и лица.
Како резултат на ова, вели таа, ние не знаеме како реално изгледаат повозрасните жени под облеката. „Ова се тела во кои e живеено со години - некои имаат мастектомии, други имале повеќекратни бремености, стрии, лузни“ - и сиот овој багаж не е само физички, туку ја сочинува и приказната на секоја поединечна жена.
Во тек на 12 месеци Хок патувала низ државата Викторија и во својот дом во Мелбурн фотографирала жени на возраст од 50 години и нагоре. Сите тие се целосно голи, освен во некои случаи, каде лицата им се покриени со некаков предмет, за да се обезбеди нивните слики да не бидат ставени онлајн, да не бидат хејтани или да не ги загубат своите работни места. Некои од жените, на пример, се наставнички или чувари во затвор, и било потребно да бидат анонимни.
Резултатот од работата се 428 фотографии наречени „500-тините силни“ (оваа била целната бројка, пред пандемијата), а сега се дел и од изложба отворена во неделата, 8 март во Мелбурн. Таа е придружена со скулптура, мултимедија, филм и зборува за менувањето на перцепциите на постарите жени во уметноста.
Хокс ги нашла моделите преку отворен повик, а секоја од жените имала различен однос кон сопственото тело. Некои биле долгогодишни нудисти или немале проблем да се соблечат. Дури во поодмината возраст престанале да носат дури и кратки ракави.
Целта на проектот е отварање на темата за возрасните женски тела и промовирање на една навидум сосема нормална идеја: „Вака изгледа женското стареење“. Телото е производ на гени, здравје, повреди, сите нешта кои ни се случуваат во животот. Но најдоброто нешто во врска со возрасното тело е - дека е уште тука.
Oфицијалниот сајт на проектот тука