Емре Џан (26) се приклучил на иницијативата Stift und Papier (Пенкало и хартија). Ова е платформа за пријателства врз основа на пишување која ги обединува генерациите против осаменоста.
„Другари и колеги ми кажаа за оваа многу добра кампања во која можеме да покажеме човечност. Се што ни треба е само лист и хартија. Во овие немирни времиња човештвото е нашиот најнадежен партнер“, рекол Џан во разговор за Bild.
КАКО ИЗГЛЕДА ОВАА ПЛАТФОРМА?
Слоганот на оваа организација е: „Одново пишуваме писма“. Кампањата е со цел да се бори со социјалната самотија која во денешни услови го достигна пикот. Меѓу амбасадорите на овој сајт е и голманот на Келн Тимо Хорн.
Откако ќе се регистрирате ви наоѓаат пријател за допишување, луѓе кои веќе не можат да учествуваат во јавниот живот поради возраст, болест или некои други причини.
Што се пишува во писмата? На сајтот советуваат:
„Ширете оптимизам и радост, споделувајте искуства, пишувајте стихови, раскажете или цитирајте омилена песна која ви го подобрува расположението“.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд Емре Џан вели да се обрнува внимание на блиските: „Не е задолжително фактички да ја поддржите оваа иницијатива, можете и во семејството. Пратете им некој збор на саканите, поддржете ги врските меѓу генерации. Напишете им писмо на бабите, тетките или пријатели кои одамна не сте ги виделе“, констатира повремениот репрезентативец на Германија со турски корени.