Британскиот драматург Данкан МекМилан и режисерот Доминик Кук ја предводат екипата која стои зад продукцијата на претставата според „Игра на тронови“. Се очекува дека таа ќе биде главна атракција на лондонскиот Вест Енд и на Бродвеј, почнувајќи од 2023.
Во соопштението за почетокот на работата врз проектот стои дека тој „ќе се фокусира околу темите на љубовта, одмаздата, лудилото и опасностите од мешањето во пророштвата“.
Конкретните настани кои ќе ги покрие се спомнати во серијата и во романот, „Песна на мразот и огнот“, но сега ќе се оди во поголеми детали. Станува збор за турнир кој се одржува во тн. Година на лажната пролет на кој се натпреваруваат најдобрите витези од Вестерос. Од ликовите ќе бидат присутни кралот Роберт Баратеон и Џејми Ланистер.