Во претходна претстава под наслов „Како ангел" акробати од овој циркус имаат „летано" низ древни англиски катедрали, а пак во „Враќање", илустрирана со музика од барокната опера „Враќање на Одисеј" на Монтеверди, тие го прикажаа очајот на бегалците од Блискиот Исток кои се обидуваат да најдат спас во Европа.
Најновата претстава која се изведува на самрак на гробиштата Тауер Хамлетс во Лондон се вика „Заминување". Таа е инспирирана од митот за Орфеј и Евридика, а вклучува голема логистичка екипа која треба да овозможи целосен циркуски перформанс среде мракот, ползавците и надгробните камења.
Еден поинаков предизвик е и тоа што циркуските тела се „тврдоглаво телесни", интензивно живи, и токму затоа и им се допаѓаат на гледачите. Но тоа истовремено значи дека акробати не можат да глумат некој што е болен или мртов. Оттаму, сè е до атмосферата, која треба да е сенишна но не и хорор, и да претставува средба помеѓу живите и мртвите.
Лифшиц не ги сака нарациите, туку го замислува ова дело како збир одблесоци од кристален лустер, кои овозможуваат истовремено гледање на повеќе слики. „Личи на сон, и е ефемерно, како и самото постоење", заклучува тој.