Таг: гробишта

Рецепти впишани на надгробни плочи

Наместо да ги кријат, некои луѓе одлучуваат да ги споделат своите најдобри рецепти „преку себе мртви“ - ставајќи си ги како епитаф. Главни се колачи кои потомците ги памтат како „заштитен знак“ на семејните прослави.

Природни гробишта или како да го закопаме дедо на ливада, а да не се налути?

Во околината на белгиски Гент отворени се првите природни гробишта во кои телата на починатите се закопуваат во дупка на отворена ливада без никакво обележје и имаат рок од 25 години да се распаднат.

Дали Французите ќе ги ископуваат телата на Рембо и Верлен?

За да се обезбеди „диверзитет“ на париските гробишта на славните, дел од француските интелектуалци предлагаат таму (во Пантеонот) да бидат пренесени телата на двајцата омилени поети, кои биле во интензивна и често насилна врска. Но има и такви кои велат - оставете ги луѓето на раат. 

Кои злосторници, освен Франко, се закопани во Мадрид?

Вчера беше конечното отстранување на останките на шпанскиот диктатор Франциско Франко од гробницата Долина на паднатите во Мадрид, но Ел Паис потсетува дека тоа не е единствениот диктатор што почива на мадридски гробишта.

Откритие на денот: жаломат

Има така денови кога сè на што наидуваме ни изгледа бесмислено за пишување и невредно за споделување. Ама оваа вест баш нè освежи.

Гробиштата од „Добриот, лошиот и грдиот“ се вратија од мртвите

Нов документарец оддава признание на обожавателите на славниот шпагети вестерн, кои со макотрпна работа ја реставрирале локацијата каде се одвива неговата антологиска сцена.

Чистачот на гробови

Секоја недела човеков оди на локалните гробишта и почнува да чисти гробови на американски воени ветерани. Освен што чувствува должност кон непознатиот ветеран, за ова не добива никаков надомест, ниту пак некој го побарал тоа од него, а како што вели, да има време ова би го правел секој ден.

Словенците и мртви се пред нас

Гробиштата Побрежје датираат од 1879, и со својата богата 130-годишна историја се дел од историското и архитектонско наследство на Марибор. Но, ништо не е впишано во камен, па ни изгледот на гробиштата.

Лондон некрополис релвеј: возот кој пренесувал мртви

Што кога во градот постоечките гробни места не се доволни, а често фаќа епидемија на заразни болести? Се отвара железничка пруга до најблиското соодветно место, а живите прават еднодневни „екскурзии“ за да ги закопаат своите мртви. Или барем така било во Британија при крај на 19 и голем дел од 20 век. 

Били Питон, Словачка

Јес да местото Закопане (за малку!) е во Полска, ама би било фино да е во Словачка и во него да живеат браќата Ладислав и Чаба Складан, кои на меѓународен натпревар (еј, кај отиде Европа!) се прогласени за најбрзи копачи на гробови. "Кога е убаво времето, ова е работа од соништата," порача еден од шампионите.  

Циркуска претстава на лондонски гробишта

Австралиската циркуска трупа Цирка под раководство на Јарон Лифшиц, која брои околу 20 луѓе, се обидува да ја издигне оваа изведувачка уметност над нивото на спектакл, комбинирајќи ја со музика, поезија, театар и архитектура.

И мртви сме ѝ штетни на планетава

По сите математики и предвидувања, во следната деценија се очекува низ светот да умрат половина милијарда луѓе, "а не може да продолжиме да им ги набиваме ковчезите во Земјата."

Зошто Грците ги откопуваат своите мртви?

Три години обично е рокот по кој семејствата во Грција се одлучуваат да ги ексхумираат останките на своите најблиски, кои потоа, со доплаќање, се чуваат во костурница, ако не се фрлаат во дупка.

Капиталистички виц врз гробот на Маркс

Гробот на човекот кој се уби објаснувајќи дека приватната сопственост треба да се укине бидејќи е извор на сите општествени зла, денеска е приватна сопственост. И посетата се наплаќа.

Коринтијанс гради гробишта за најверните

Еден од најпопуларните бразилски клубови соопшти дека до крајот на идната година ќе бидат завршени гробиштата на кои секој навивач ќе може да си купи парцела.

Морбиден протест и во Италија

Националните првенства привршуваат, а тимовите со најмалку бодови во последните кола водат жестоки битки за да не испаднат во пониска лига и да ги изнервираат навивачите. По Србите и Бугарите, фудбалското игралиште во гробишта го претворија и ултрас навивачите на Асколи.

Кога сладоледите ќе се стопат

На колегите од сајтов изгледа веќе им е очигледна опседнатоста на Букбокс со умирачки, па џентлменски ни го отстапија текстов, од кој ни доаѓа вода на уста. Не, не е за мртви луѓе. За сладоледи е.