Гробовите немаат надгробни споменици, ниту пак поплочени патеки до нив или клупи. На неколку локации направени се столчиња од паднати трупци, а ако семејствата сакаат да остават некое обележје, можат да обесат куќичка за птици на некое од блиските дрвја.
Правилото е дека починатите смеат да се закопуваат само во биоразградливи ковчези, а местото може да се изнајми максимум на 25 години. Процената е дека ова е периодот што е потребен за распаѓање на телото.
Една од забележливите одлуки на луѓето зад проектот е да не садат зимзелени дрвја, а наместо нив посадени се 72 цреши. Зимзелените дрвја вообичаено се садат за гробиштата да изгледаат како „замрзнати во времето“ и многу да не се воочува промената на сезоните. На овие гробишта намерата е сезоните да бидат јасно видливи.
Досегашните „природни гробишта“ кои постојат во Белгија обично беа отворени пространства на кои луѓето можеа да ја расфрлаат пепелта од кремацијата.