- На 30 декември ќе продолжи потрагата по малезискиот патнички авион од летот MH370 што исчезна пред повеќе од една деценија, објави малезиското Министерство за транспорт.
- Робот од американската компанија Ocean Infinity доби дозвола 55 дена да пребарува површина од 15.000 квадратни километри на дното на океанот. Според договорот, ќе добие 70 милиони евра ако најде остатоци од авионот.
- На 8 март 2014 година авионот со 227 патници и 12 члена на екипаж исчезна од радарите набрзо откако летна од Куала Лумпур кон Пекинг.
- Беа пребарани 120.000 квадратни километри во океанот и на брегот, но до денес не се знае што се случило со авионот. Не се пронајдени тела и големи остатоци од боингот 777.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.