„Коринтијанс засекогаш“ ќе стои на влезната врата на гробиштата на кои вечниот мир ќе може да си го најдат 70.000 навивачи кои со него се од почеток до крај.
Локацијата ќе биде на периферијата од Сао Пауло, а бразилскиот Globo Esporte пренесува дека изградбата ќе биде на три различни нивоа, според кои ќе се одреди цената за гробно место.
Најскапиот дел ќе биде во средината од гробиштата, кои ќе имаат реплика на стадионот на Коринтијанс (градени во тој облик), а цените ќе се движат од 1.400 до 2.400 евра. Во цената е вклучена и погребната церемонија со црно-бели цвеќиња, а во позадина ќе оди химната на Коринтијанс. Телото, нормално ќе биде прекриено со црно-бело знаме на кој ќе стои грбот на Коринтијанс.
Бразилскиот клуб не дошол прв на ваква идеја, затоа што можност да почиваат до своите некогашни играчи веќе имаат навивачите на Бока Јуниорс и Шалке.