Братската екипа од Словачка успела да победи сериозна конкуренција, особено од Полска и Унгарија кои морале да се задоволат со второто и третото место.
Фер е да се истакне дека предност на Словаците било тоа што играле на домашен терен.
5 - членото жири ја оценувале брзината и прецизноста а пропозициите налагале делото да биде длабоко 1,5 метри, долго 2 м. и широко 0,9 метри.
На Ладислав (43 г.) и Чаба (41) за тоа им биле потребни 54 минути, пренесува Гардијан. Тек за да не верувате на она филмовите во кои некој ќе земе ашовче и дур си рекол "Топаловиќ!" веќе ја закопал жртвата.
"Гробиштата во Словачка се преполни и честопати нема многу место меѓу гробовите па словачките гробари мораaт да работат во секакви места затоа што нема услови за механизација", ја објасни тајната на словачкиот успех портпаролот на натпреварот.
По натпреварот, победниците изјавија:
Среќен сум што победивме. Ова е потврда за 15 годишниот труд вложен во оваа работа. - Чаба.
Денес морав да се фокусирам на брзината. Во нормални околности имам време за муабети со брат ми. Кога времето е убаво, ова е работа од соништата - Ладислав.