Јохан Себастијан Бах изгледа е нешто во тренд во британската драматургија, бидејќи „Композицијата“ е втора претстава која му е посветена во последниве две години. Првата носеше наслов „Бах и синовите“ и по малку потсетуваше на серијата „Следоред“ (Succession), бидејќи голем дел од дејството се вртеше околу тоа кој од големиот број синови на Бах ќе биде наследник. Премиерата се очекува на 12 октомври а ќе игра на сцената на лондонскиот Royal Bath.
Годината е 1747 и Бах го посетува 35-годишниот прускиот крал Фредерик Втори во неговиот дворец во Потсдам. Музички надарениот владетел бил флејтист, но станал многу љубопитен за новиот инструмент, фортепијано-то, од кое набавил дури петнаесет парчиња. Бах, тогаш веќе во поодмината возраст, бил врвниот експерт кој требало да биде повикан за да ги тестира. Кога композиторот пристигнал, кралот му извел сложена тема на флејта, и го предизвикал да импровизира фуга врз нејзина основа. Бах бил наводно толку фасциниран што подоцна компонирал цела збирка дела, главно канони и фуги, кои му ги посветил на кралот, под името „Музичка понадица“.
Спомнувањето на „Сксешн“ не е случајна, бидејќи главната улога му припаѓа на Брајан Кокс (стариот Логан Рој од серијата), а неговата сопруга, Никол Ансари-Кокс ќе ја игра сопругата на Јохан Себастијан. И таа се има појавено на кратко во серијата како поранешна девојка на Логан.
Драмите за големи композитори станаа тренд по успехот на „Амадеус“ на Питер Шефер (кај нас играше во Драмски театар, со Сенко и Дац во главните улоги). Музичките биографски драми се интересни затоа што често пати композиторите воделе животи полни со интриги, насилство, љубовни афери, а имале и контроверзни односи со моќниците од кои очекувале финансиска поддршка (иако понекогаш не ги трпеле).