Работа-роб-робот. Звучи многу познато, и лингвистички, и како чувство. Но Карел Чапек бил прв кој го употребил зборот во контекст на дистописката иднина на трудот, во која роботите ќе ја преземат работата на луѓето. Кои пак ќе станат нивни робови.
Откако БАТЕ Борисов ја освои титулата со гол во 95-та минута, уште подраматичен финиш се случи и во Грузија каде Торпедо Кутаиси стана шампион на неверојатен начин.
Во неверојатно драматична завршница во француската Лига 2, Амиен со гол во 96-та минута обезбеди пласман во првата лига каде не играле никогаш во 116-години долгата историја. Лудница!
Нова продукција на „Ројал Шекспир компани“ е драма која се одвива пред самото пуштање во употреба на LHC во Церн, а зборува за однос помеѓу научник кој работи во централата, и новинар кој известува за историскиот момент.
Најдолгата драма на сите времиња, „Последните денови на човештвото“ на Карл Краус е замислена да се игра десет ноќи, на друга планета. А можеби на оваа, ако таа некогаш стане подобро место за живот.
Последниот ракопис на Шекспир, за драма во која тој преку ликот на Томас Мор повикува против „нехуманоста од огромни пропорции“ во однос на тогашните бегалци, наскоро ќе биде достапен онлајн. Тој е дел од 300 новодигитализирани документи, кои фрлаат светлина не само на ликот и делото на бардот, туку и на пошироките општествени и културни прилики во кои тој творел.
По којзнае кој пат Металците и Црно-белите одиграа драматични последни 2 минути од еден натпревар. За разлика од првиот меѓусебен меч во Белград, кога МЗТ загуби буквално на една топка, сега на баскетот поубаво му беше во кошот на Партизан за конечни 82:78.
Драмите на Бекет нудат можност за радикални експерименти. Една од нив, за којашто пишувавме по повод заминувањето на „музата" на Бекет, на сцената ја предвидуваше само осветлената уста на главната (и единствена) актерка. Но во нова продукција, на нешто што било замислено исклучиво како радио драма, целата сала ќе биде во мрак.
Брајан Кранстон "Breaking Bad", Келси Грамар "Boss", Џон Хам "Mad Men", Питер Краус "Parenthood", Дамијан Луис "Homeland" и Кифер Сандерленд "Touch", седнати на маса и зборуваат за драма и за глумење и за награди. И така, цел час.