All That Fall (Сите кои паѓаат) е едночинка која Бекет ја напишал на барање на Би-би-си во 1956. Кога му дошла идејата за текстот тој во писмо до негова пријателка напишал: „Никогаш не сум размислувал за техниката на радио драма, но среде ноќ добив убава морничава идеја, полна со звуци на кочии, и влечкање на нозе и воздишки, што можеби ќе доведе до нешто".
Истиот текст кој премиерно бил изведен на третата радио програма на Би-би-си во 1957, сега ќе биде прикажан, но овој пат на сцена, во текот на четвртото издание на Happy Days Beckett Festival (какво име за настан посветен на Бекет...), во јули/август оваа година, кој се одржува во градот Енискилен во северна Ирска, каде Бекет ги минал неговите младешки години. Планот на режисерот Макс Стафорд-Кларк е претставата да се игра во целосна темница. Со оглед на тоа што таа ќе трае цел час, тој изразил надеж дека никој во салата нема да задреме.
Драмата ја раскажува приказната за постара бездетна и реуматична жена, која заминувајќи да го пречека сопругот на железничка станица доживува неколку средби, кои само го одложуваат нејзиното пристигнување на целта. Генерална тема е смртта, а на почетокот се слуша извадок од „Смртта и девојката" на Шуберт.
Еве ја оригиналната изведба во целост - ако баш сакате можете да ја слушате во целосен мрак