Вајтло речиси и да немала формално актерско образование, но поседувала природен талент и убавина, како и специфичен глас способен да долови широка палета чувства. Бекет по неколку пати ги преработувал неговите драми така за да ги прилагоди на нејзиниот сензибилитет и на нејзините актерски способности. Во Британија таа освен по соработката со Бекет станала позната и по адаптациите на класични дела на Би-би-си, како „Џејн Ер", а ја глумела и Дездемона во продукцијата на Отело на Лоренс Оливие во Националниот театар.
Токму тука го запознала и Бекет - претставата се викала „Игра" (1964), во која таа игра еден од ликовите заробени во урни, кои го анализираат нивниот љубовен триаголник. Бекет толку се поврзал со неа, на професионално ниво, што до смртта не пропуштал со неа да ги мине сите драми, читајќи ги и дискутирајќи го секој детал, до паузите и воздишките. За неа ја напишал и драмата „Не јас", монолог во стил на „тек на свеста", кој се смета за ѓаволски тешка за актерска дикција - таа се одвива на темна сцена, со рефлектор вперен во устата на актерот, при што усните се негова единствена негова физичка присутност.
По неговата смрт во 1989 таа често држела предавања во врска со Бекетовиот метод на пишување и работа со актерите. „Голем број писатели можат да напишат драма во врска со одредена умствена состојба", изјавила таа. „Но тој всушност умствената состојба ја поставуваше на сцена, пред вашите очи. Голем број луѓе веднаш препознаваа за каква состојба стануваше збор. Кога прв пат ги читав драмите плачев, го препознавав внатрешниот крик...По неговата смрт сум како платно без сликарската четка. Му бев потребна за да ја комплетира неговата визија. Јас бев трубата, а тој беше оној кој дува".
За разлика од Британија, кадешто ја сметале за дел од актерската елита, во САД Вајтлоу немала кој знае каков успех, иако работела со неколку познати режисери и колеги-актери, како со Хичкок во „Френзи" и со Грегори Пек и Ли Ремик во хоророт „Пророштво" од 1976.
Извадоци од претставата Not I. Главна и единствена улога: устата на Вајтлоу.