Шампионската титула во Грузија се решаваше во последното коло. Торпедо Кутаиси беше на 1 бод од лидерот Динамо Тбилиси и играше со нив на гости. Нерешено им одговарало на домаќините и резултатот бил 0-0 до 75’ минута кога гол постигнал напаѓачот на гостите Торнике Капанадзе.
А во 95’ минута судијата свирнал пенал за домаќинот. Фудбалерите на Торпедо жестоко протестирале, навивачите исто така, но ништо не помогнале. 21-годишниот капитен на Динамо Тбилиси, Отар Китејшвили шутирал ниско по средина, голманот на Торпедо, Роин Квашквадзе се фрлил во страна но успеал да постави нога и да одбрани:
Роин Квашквадзе станал херој на новиот шампион на Грузија, Торпедо Кутаиси. Ова е четврта титула на овој клуб, но прва од 2002-ра година. Динамо Тбилиси има 16 титули државен шампион на Грузија.
Кутаиси е административен центар на Грузија и трет најнаселен град во земјата. Се наоѓа на 221 километар западно од главниот град Тбилиси. Како точка на целата драма, судијата му покажал директен црвен картон на еден од фудбалерите на Торпедо поради непримерена прослава на титулата.
Гостите од Кутаиси ќе имаат шанса да ја освојат двојната круна следната сабота кога играат во финалето на Давид Кипиани Купот на Грузија против Чикура.