Таг: грузија

Добро, нормално ли е некој да има ваков ракометен скок шут?

Гиорги Цковребадзе (Giorgi Tskhovrebadze) не дека е ракометен џин, има 194 см, туку фората е во неговиот мега одраз со кој главите на противниците му доаѓаат до пупак. Игра за Гумерзбах од Германија, а член е на селекцијата на Грузија. Има 23 години и е десен бек со кој тешко се излегува на крај.

Нестварен кошаркарски финиш во режија на Грузија невиден во историјата

Европско првенство, Копа Америка, Вимблдон, Квалификации за Олимписки игри. Имаме богато спортско лето со најнеобичен крај некогаш виден во кошарка. Грузија нека се радува на фудбалските успеси и нека не ги гледа своите во кошарка. Па за ова е потребно време човек да го свари и после три гледања.

Грузијците треба да бидат горди

Прв пат го осетија чувството наречено Европско првенство и уште на дебито направија сензација. Победа над скапата Португалија и пласман во осминафинале. Па уште имаа и водство над Шпанија. Нема за што да жалат. Се претставија борбено, со многу жар и желба, многу поголеми од некои други репрезентации кои се посрамотија. Навивачите тоа го гледаат и го ценат.

Заврши Европското за симпатичната Грузија, Шпанците се немилосрдни

Ако некоја селекција може да се издвои како најсериозен кандидат за европската титула, тоа дефинитивно е Шпанија. Единствена со 3 од 3 во групна фаза, а потоа висока победа од 4:1 против Грузија, крунисана со убедлива игра и прв примен гол на ЕП. Екстра класа репрезентација со опасна младина во налет. Четвртфиналето ќе им биде прв сериозен испит, бидејќи противникот се вика Германија.

10 милиони евра за сензационалното осминафинале, уште 20 милиони ако ја победат Шпанија

Грузија е хит број 1 на ова ЕП. Добија премија за сработеното од најбогатиот Грузиец на светот како никој до сега.

Феноменалните паради на Мамардашвили кој историјата ја славеше во допинг собата

Квича Кварацхелија е најславното фудбалско име во селекцијата на Грузија. Но таму се крие уште еден јунак, кој синоќа одигра херојска партија против европскиот првак од 2016-та. Уште едно тешко презиме за изговарање кое треба да се знае. Георги Мамардашвили.

Дуел на денот како најдобар приказ колкава е желбата човек да заигра на Европско

Грузија ја испиша историјата, истата која ја испишавме ние против нив на нивен терен пред 4 одини. Во бараж финалето од Лига на нации, после тешка 120 минутна битка без голови, ја совладаа Грција на пенали. Ова е таа борба која ја отсликува желбата да се израдува нацијата и да се биде на иста сцена со најголемите.

Мега славјето во Тбилиси

После осум квалификациски обиди и уште два преку Лига на нации, Грузија успеа за прв пат по осамостојувањето да влезе во најелитното европско фудбалско друштво откако во бараж финалето од Лига на нации на пенали ја совлада Грција.

Грузија и Полска преку пенали до ЕП за кое се избори и Украина со пресврт

Селекцијата на Грузија го слави првиот историски пласман на ЕП откако на пенали го елиминираше европскиот првак Грција од 2004. На ист начин визата ја чекираше и Полска против Велс, а Украина тоа го заврши за 90 минути со победа од 2:1.

Руско-грузиска граница деновиве

На границата меѓу двете земји има 20-километарска колона (во насока од Русија кон Грузија) каде се чека и по 40 до 50 часови, формирана во деновите откако Путин објави делумна мобилизација на руските резервисти. Башка тие што одат пешки, на точаци и слично.

За време на инцидентот меѓу Турција и Грузија, 24 секунди од играта отидоа курбан

Селекцијата на Грузија ја доби Турција во Тбилиси со 88:83 после две продолженија. Мечот донесе голема тензија, судир на паркетот, тепачка после мечот, исклучување на турскиот селектор, но и кикс на организаторот кој не стисна пауза на семафорот.

Грузија дрско и се одмазди на Македонија за финалето во Тбилиси

Македонската фудбалска репрезентација доби лекција на Градски со висок пораз од 0:3 и по само три кола е речиси без шанси за пласман на следното ЕП, барем не преку Лига на нации.

Против Грузија ја имаме најслатката историска победа на Македонија

Во сите три досегашни изданија на Лига на нации, ни се паѓаат Грузијците. На минатото на два пати одигравме 1:1, а на првото се судривме во финале, најважното во историјата, кога триото од Серија А им го испи мозокот во шеснаесетник, а Горан Пандев го исполни сонот наш од детство. Златен гол кој ќе остане во аналите и кој ќе го повторуваме додека постои сајтов.

Незаборавниот 12 ноември, датум кој ќе остане во аналите на македонскиот фудбал

Само ден после феноменалната петарда против Ерменија, календарот вели време е за потсетување на нашата најголема фудбалска радост во историјата. Успех за кој мечтаевме три децении и неостварен сон на многу генерации кој стана реалност.

Најмангупската интеревенција во квалификациите ја има фудбалер на Грузија

Селекцијата на Грузија стигна до првиот триумф во квалификациите за СП 2022, откако го доби Косово со 1:2 и сега се израмнети со по 4 бода. Во еден момент еден од гостинските фудбалери спаси чист гол на линија, каков голман што нема спасено. Домаќините протестираа кај судијата и мислеа дека топката е внатре.

Тешко преводливиот грузиски збор што значи „пукнав од јадење“

„Супра“ е традиционална грузиска прослава, секако проследена со јадење, од епски пропорции. Не е ни чудо што притоа луѓето често искусуваат нешто што е тешко да се објасни со зборови, а уште потешко да се преведе.

Сонот стана реалност, Македонија оди на Европско

Финалето на Лига на нации во групата Д кулминираше со испишување на нова историја за македонскиот репрезентативен фудбал. Радувај се Македонијо, златните нозе на Пандев не носат за прв пат на едно големо натпреварување.

Каков ривал ја чека Македонија на патот до историско Европско

Македонија вечерва во Тбилиси (18:00) ќе игра против ривал со кого во рок од 29 дена одигра 2 меча. И двата завршија исто - 1:1. Но вечерва влогот е непроценливо поголем.

Македонија - Грузија, 2 епизода 1:1 - следи 3 дуел за Европско

Во 4. коло од Лига на нации, Македонија ремизираше 1:1 (0:0) со Грузија и освои важен бод, особено ако се знае дека повеќе од 20 минути игравме со играч помалку поради глупоста на Столе Димитриевски.

Голем бод за Македонија со црвен картон

По триумфот над Ерменија, македонската фудбалска репрезентација одигра задоволувачко реми на гости против Грузија, во второто коло од новата сезона во Лига на нации. Последните половина час ги одигравме со десет играчи откако Висар Муслиу доби незаслужен црвен картон.

Си биле луд, збунет и Бразилец на мал фудбал

За време на квалификациите за Светскиот Куп во футсал, Грузија со 2-3 ја победи Полска. Еден од головите кој за Грузија го даде натурализираниот Бразилец Родриго Андреи не може да се опише и треба да се погледне. Според прославата на голот изгледа дека немал ваква намера.

ФФМ угледај се на колегите од Грузија

Паричната награда која што УЕФА ја доделува на секој победник на група во Лигата на нации, фудбалскиот сојуз на Грузија решил да го подели за три добротворни здруженија во земјата кои помагаат потешко заболени деца.