Страстите почнаа да се разгоруваат на околу 5 минути до крајот кога во клинч влегоа Фуркан Коркмаз и Дуда Санадѕе.
За време на нивниот судир, организаторот на мечот беше должен да го прекине времето, но тоа течеше во периодот од 4:48 до 4:26.
Fiba took a whole 24 seconds of the gameclock and no one noticed it beside me please spread it ,the foul was at 4:48 and they start to run the clock when ball was dead and continued at 4:26 after it 😂 pic.twitter.com/O9lEdBbUDo
— diante willis (@kobrapara) September 4, 2022
Ова е моментот од кој за влакно турканиците не се претворија во тепачка.
TİFLİS'TE ORTALIK KARIŞTI!
— Euroleague Time (@euroleaguetime1) September 4, 2022
Sanadze, Furkan Korkmaz'ı resmen ÇILDIRTTI! İlk kez Furkan'ı bu kadar sinirli görüyoruz. İki oyuncu da diskalifiye edildi. pic.twitter.com/mBEOT7WVfp
Втората епизода се случи на 20 секунди до крајот откако при досудената техничка за Турција, селекторот Ергин Атаман доби и исклучување.
Тој во нервоза му се сипа на судијата, но членови на неговиот стручен штаб спречија поголем инцидент и го отстранија од терен.
Menudo cabreo de Ataman pic.twitter.com/dWCFW2OCpI
— Barcelona 92 (@JJOOBarcelona92) September 4, 2022
Турците испратиле жалба за „украдените“ 22 секунди и се заканија дека ќе го напуштат првенството доколку не се покажат снимки од „третото полувреме“ со кои би се докажал уште еден инцидент кој наводно се случил по завршувањето на мечот.
Тврдат дека тројца грузијски кошаркари го нападнале Коркмаз пред соблекувалните.
Опис на инцидентот на Твитер даде турсниот новинар, Исмаил Шенол:
„Кога Коркмаз беше исклучен, тргна кон соблекувалната со кондицискиот тренер Ерен Хангун. Во тие моменти Битадѕе, Шенгелија и Санадѕе ги нападнале, заедно со припадници на обезбедувањето. Ситуацијата ескалирала кога Ерен тргнал да го брани Фуркан од четворица напаѓачи.
Furkan Korkmaz diskalifiye edilince, kondisyonerimiz Eren Hangün ile soyunma odasına doğru yürüyor. O esnada Bitadze, Shengelia ve Sanadze üçlüsü, bir güvenlik görevlisi ile Furkan ve Eren’e saldırıyor. Eren dört kişiye karşı Furkan’ı savunmaya çalışırken kavga büyüyor.
— İsmail Şenol (@ismailsenol) September 4, 2022