Фудбалерите на Грузија добија награда од 10 милиони евра за историскиот пласман во топ 16 и ќе добијат уште 20 милиони ако успеат да направат нова сензација на ЕП 2024.
Најголемото изненадување на ова Европско, не само што го совладаа скапиот состав на Португалија, туку со нивната борбеност и желба за подвиг оставија целосен впечаток на сите три натпревари.
Тоа го препозна Бидзина Иваншвили кој им ја додели огромната парична награда, нетипична со толкава сума и во толку рана фаза.
Се работи за поранешниот премиер на оваа земја од 2012-та и најбогат Грузиец во светот кој тежи 4,5 милијарди евра. Во моментов е почесен претседател на владејачката партија.
Грузија игра против фаворитот Шпанија во недела со почеток од 21 часот.
Грузија ја напиша најубавата бајка на Еуро2024
А го чувте ли Арапот кога Кварацхелија фати да дрибла?
Фото на денот со Кристијано и децата од Грузија
Феноменалните паради на Мамардашвили кој историјата ја славеше во допинг собата