Сјајни натпревари вечерва на програмата од Еуро2024. Грузија направи луда сензација. Со головите на нивниот лидер Хвича Кваратцхелија во 2' минута и Ѓорѓес Микаутадзе од пенал во 57' минута, Грузијците на колена ја фрлија силната Португалија со Кристијано Роналдо.
Ова е прв, дебитантски настап за Грузија и веднаш направија чудо со пласман во осминафинале. Микаутадзе е прв стрелец во моментов на Еуро2024 со три гола. Тој и му асистираше на капитенот Кваратцхелија за првиот гол по голема грешка на португалската одбрана:
Големата радост на Грузија по крајот на мечот:
Ова се смета и за официјално најголемо изненадување ако се види на кое место е рангирана Португалија, а на кое Грузија.
The BIGGEST upset in Euros history.
— StatMuse FC (@statmusefc) June 26, 2024
— Georgia are ranked #74
— Portugal are ranked #6
Today was also Georgia's first ever victory at a major tournament. pic.twitter.com/jjsEH0lgST
Грузијците слават најголем историски успех, а слави и Турција. Турците со 2-1 ја совладаа Чешка која од 25' минута играше со играч помалку поради глупите непромислени фаули на Антонин Барак. Чесите успеаа дури и да се вратат во игра, израмнија на 1-1 и тргнаа по пресврт, но немаа доволно сили и Турција од контри го затвори мечот.
Капитенот на Турција, Хакан Чаланоглу го отвори резултатот во 51' минута, Томаш Сучек израмни на 1-1 во 66' минута а нововлезениот центарфор на Турција Ченк Тосун во 90+4' со прекрасен погодок им донесе на Турците огромна радост, победа и пласман во осминафинале.
Од оваа група понатаму одат Португалија, Турција и Грузија.