Што ти е фудбалот. Претходното Европско го заверивме преку финале против Грузија и тоа на нивен терен, а сега тие го живеат тоа што го живееме ние пред три години.
Но нивниот успех е уште поголем, бидејќи како дебитанти на ЕП успеаа да ја минат групната фаза и со една победа да се најдат меѓу најдобрите 16 селекции на континентот.
Таму ги чека големиот фаворит Шпанија, најубедливата селекција на овој турнир и единствена со 3 од 3 и тоа без примен гол.
Но како и да поминат со нив, Грузијците веќе си го направија своето и тоа преку големата Португалија.
Ако нивниот Пандев е Кварацхелија, тогаш Димитриевски им е Мамардашвили. Зборуваме за двајцата голмани на Валенсија. Првиот нов член на Местаља од пред две недели, вториот на излезна врата.
Георги Мамардашвили има само 23 години и вреди 35-40 милиони евра, а после изданијата на ова Европско, особено против Португалија, сè поизвезно е дека во новата сезона ќе го гледаме во поголем клуб, веројатно во Премиер лигата.
Блесна со вкупно 21 интервенција од кои 11 против Чешка. Синоќа имаше 5, од кои ќе погледнете 4. Обрнете внимание на второто видео. Прашање е и дали можеби тој требаше да ја добие наградата за играч на мечот, а не Кварацхелија.
Name a better goalkeeper than Giorgi Mamardashvili during EURO 2024...
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) June 26, 2024
We'll wait.#EURO2024 | #beINEURO | #HomeofEuro pic.twitter.com/DzxrVotWws
Giorgi Mamardashvili leads the Euros with 20 saves. Seven more than the next keeper.
— B/R Football (@brfootball) June 26, 2024
He’s been immense for Georgia 💪 pic.twitter.com/7VCDwTJ025
🚨🇬🇪 Giorgi Mamardashvili remains one to watch in the next weeks as he can leave Valencia for €35/40m fee.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 27, 2024
Valencia already signed Dimitrievski as new GK and the plan to sell Mamardashvili remains concrete.
Georgian GK, performing at fantastic level also at the Euros. pic.twitter.com/Gfkr5BmSS1
Giorgi Mamardashvili (23, GK) at Euro 2024 for Georgia:
— Pro Future Stars (@ProFutureStars1) June 26, 2024
🆚 🇹🇷 Turkey: 5 Saves made.
🆚 🇨🇿 Czech Republic: 11 Saves made.
🆚 🇵🇹 Portugal: 5 Saves made.
A total of 21 saves in 3 games. Everyone are talking about Khvicha's impact, but Giorgi is the main reason why Georgia are in… pic.twitter.com/yCvLa4WL70