Во големата битка за опстанок, Валенсија испушти 3 златни бода на гостувањето против Севиља. Со голот на Риоха во 61-ва минута, имаа водство од 0:1, но Грузиецот Мамардашвили кој се врати по повредата, направи катастрофален кикс и им подари бод на домаќините во 93-та. Валенсија е последна со 13 бода.