Во кошаркарските квалификации за пласман на Олимписките игри, Грузијците направија пацерски потег од невидени размери и останаа без учество во Париз 2024.
Откако во својата квалификациска група се соочија со дебакл од 88:53 против Летонија и за да се пласираат во полуфиналната рунда им требаше триумф над Филипини од 19 поени разлика.
Во еден момент на стартот на втората четвртина имаа водство од 40:20, но на крајот работите на семафорот не одеа во нивна полза.
На 2,8 секунди до финишот имаа предност од само 3 поени разлика, како и две слободни фрлања за кошаркарите на Филипини. Првото го погодија, а второто го промашија и резултатот беше 94:96.
Гога Битадѕе скокна во обид да ја забие и да си даде автокош, но несреќниот го направи невозможното и промаши.
Зошто автокош? За да постигне два поени, доволни за 96:96 и продолженија во кои Грузија би бркала победа од 19 поени разлика. Циркуз Медрано.
Селекторот на Грузија Александар Ѓикиќ, кој ги води од јануари и кој пред 10 години ја водеше Македонија, не можеше да поверува што гледа.
Филипини во полуфинале ќе игра против Бразил, а ако победи оди на подобриот од дуелот Камерун - Летонија.
„Ова е прв пат да се чувствувам добро после пораз и сакам да им честитам на момците. Паднаа на 20 поени негатива и лесно можеше да дојде до паника, но се вратија во играта“, изјави селекторот на Филипини, Тим Кон.
Инаку верувале или не, Гога Битадѕе има играно во НБА.
Goga Bitadze was doing what was needed but it didn't go as planned 😬🇬🇪 #FIBAOQT pic.twitter.com/MRtGbrMevI
— BasketNews (@BasketNews_com) July 5, 2024
Yo, this was crazy.
— Blake (@blakesilverman) July 4, 2024
Georgia needed to win by 19+ to advance to the #FIBAOQT semi-finals.
Goga Bitadze tried to put back a missed free throw on the OPPONENT’S basket to send it to OT and give them a shot, but missed.
Wow, man. pic.twitter.com/nygcjwiLNE