Мега славјето во Тбилиси

После осум квалификациски обиди и уште два преку Лига на нации, Грузија успеа за прв пат по осамостојувањето да влезе во најелитното европско фудбалско друштво откако во бараж финалето од Лига на нации на пенали ја совлада Грција.

На терен се случи инвазија по последниот свиреж на судијата, односно по завршувањето на пеналите кои кулминираа со триумф од 4:2 после 0:0 во регуларниот дел.

Играчите беа во делириум во соблекувалната и во прес центарот, а потоа славјето се префрли во центарот на градот со свирежи од коли и собир на плоштад. Познато ви е ова од некаде?

На ЕП 2024 Грузијците ќе бидат во група Ф со Португалија, Турција и Чешка.

Грузија и Полска преку пенали до ЕП за кое се избори и Украина со пресврт

27 март 2024 - 09:29