Грузија и Полска преку пенали до ЕП за кое се избори и Украина со пресврт
Селекцијата на Грузија го слави првиот историски пласман на ЕП откако на пенали го елиминираше европскиот првак Грција од 2004. На ист начин визата ја чекираше и Полска против Велс, а Украина тоа го заврши за 90 минути со победа од 2:1.
По завршувањето на трите финалиња од баражот во Лига на нации, комплетирани се сите групи за ЕП 2024 кое се игра во Германија во периодот 14 јуни - 14 јули.