Избраниците на Игор Ангеловски се соочија со потежок противник кој на моменти беше подобар и поконкретен на терен, а во 95-та минута пропушти чиста шанса за победа. Но за среќа Дамјан Шишковски покажа рефлекс и ја исфрли топката во корнер.
Во однос на составот од првото коло, имаше три промени. На местото на Ристевски, Николов и Несторовски, во прв состав беа Пандев, Трајковски и Спировски,
Грузијците го отворија резултатот во 13-та минута откако Алиоски на лизгавиот терен собори еден од противниците, а сигурен од белата точка беше Окриашвили.
Радоста на домаќините траеше кратко до 33-та минута од средбата кога Пандев со убава асистенција го најде сам Стефан Ристовски по десно, кој му ја протна топката на голманот за конечни 1:1.
Во 64-та минута. Висар Муслиу доби директен црвен картон по еден лизгачки старт врз Канкава на средината од теренот, и покрај тоа што се чини дека и двајцата одеа на топка и се судрија.
Следните средби во Лига на нации, Макдонија ги игра на гости против Естонија на 11-ти октомври, па дома со Грузија на 14-ти. Полуфиналниот меч против Косово кој беше одложен е закажан за 8-ми октомври во Скопје.