Место: Тбилиси, Грузија. Датум: 12 ноември, 2020. Натпревар Грузија – Македонија 0:1, стрелец Горан Пандев. Финале во Лига на нации кое не се бриши од меморија.
Тркот на Елмас кој го извади од колосек својот чувар, комбинацијата со Пандев и Нестор во триаголник како на шева, ладнокрвниот погодок на капитенот, солзите на крајот, радоста на Мрме кој падна на колена, емотивниот говор на Тони па се до лудилото во Скопје и на плоштад и во хотелот кај хероите.
Колку само траеше тоа исчекување. Прво долгонајавуваниот полуфинален натпревар против Косово, на кој се изнечекавме поради корона кризата, а потоа мечот кој беше да се биде или не.
Овие снимки и фотографии остануваат за навек како потсетник на едно силно и незаборавно фудбалско друштво, кое дишеше како едно и кое ја израдува цела нација.
Ах каков празник би бил тоа за Македонија ако успеат да стигнат и до Катар. Па има ли некој кој не гори од желба да ја чуе македонската химна на еден фудбалски Мундијал.
Наше е да одбележиме и да се потсетиме, а со тоа и да ги мотивираме нашите јунаци дека можат и повеќе. Одиме со ред.
Ја излези Ѓурѓо од соблекувалната на Македонија
Има трето полувреме на плоштад, оптерети ја свирката во кола