Нема вакви ноќи секој ден. Ова се епски моменти кои не се пропуштаат и се живеат со многу адреналин насобран од три децениско чекање, дали некогаш и ние ќе бидеме дел од еден европски фудбалски крем.
Собир на плоштад имаше и во 2002 после оние историски 2:2 против Англија во Саутемптон, меч на кој дел од репрезентацијата беше и Горан Пандев, но ова е нешто многу поголемо, ова е тоа што се чекаше. Да доживееме Европско првенство со Македонија како учесник. Каков мерак.
Низ улиците во Скопје и во други градови беше лудо и еуфорично веднаш после мечот, но народ славеше и нешто подоцна. Овие снимки ги направивме на околу 2 часа после финалето.
Гори ја свирката.