Во затворот за малолетници во Висбаден има над 300 затвореници, вклучително и за јавноста непознат број борци-повратници на ИСИС од Сирија. Еден пилот-проект на германската влада се обидува да ги дерадикализира овие луѓе преку проучување на Куранот и преку театар.
Според германското разузнавање, над 800 луѓе имаат заминато од Германија за да му се придружат на ИСИС. Тоа се главно млади граѓани на Германија, кои имаат многу слабо верско образование, што според имамот кој работи со нив во затворот може да биде многу опасна основа за нивна манипулација. Тој и еден германски режисер работат заедно за на овие луѓе да им овозможат и реален увид во верските списи, но и правење претстави во кои тие можат да ги изразат своите чувства.
Во овој краток видео прилог, кој е еден вид тизер за подолг документарец во подготовка, е прикажан процесот на нивната работа.