Таг: театар

Со секира по нов театар

Режисер на претстава која игра во новоизградена сала од 35 милиони евра во Манчестер бил изнервиран од лошите критики за неговата претстава. Зел секира од театарските реквизити и почнал да мава по ѕидовите и ентериерот. Директорот на институцијата потоа најсмирено му ја испратил сметката.

Претстава за Брус Ли во Њујорк

Оваа недела оф-Бродвеј премиерно беше изведена биографска претстава за eдна од иконите на поп-културата на 20. век, чиј лик на времето едно време често го гледавме на маици и тетоважи на локални јаки момци. 

Претстава во која главна улога играат мириси

Повеќе од сто години стара идеја за театарска симулација на патување преку звуци и мириси неодамна се оствари во Лос Анџелес. Во Скопје ваква претстава ќе биде успешна дури и ако во салата се пушти само мирис на чист воздух.

Балетот „Зорба" во ХНК

Има така моменти кога сте некаде во странство кои ги толкувате како голем неонски знак надвиснат над градот, кој ви вели „Добредојде". Иако Сплит можеби и не е некое „странство", а прошекот и априлското сонце се сосема доволни за да се чувствувате пријатно и без некои посебни симболики. 

Претстава која трае цел ден

На меѓународниот ден на штиците што живот значат, ви поставуваме едно хипотетичко прашање - дали би издржале претстава од 24 часа?

 

Со Северина против душегрижниците

Томаж Пандур (1963), кој се прослави со претставата „Шехерезада" (гостуваше и на МОТ), кој на 26 години стана директор на Словенско народно гледалишче и од Марибор направи театарска Мека, и чии претстави играат низ целиот свет, сега се фати во костец со нов предизвик: осмислување на турнејата на - Северина!

Длабок театар

Во Лос Анџелес во јануари ќе биде изведена претстава според антологискиот порно филм од 1972, „Длабоко грло". Влез: само за полнолетни.

„Улис" прв пат изведен на сцена во Даблин

Џојс го пишувал славниот роман од 1914-1921. додека бил вон родната Ирска. Таму долги години бил забрануван, заради наводно провокативните сцени. 

Пишоња и Жуга во театар

На големата сцена на „Атеље 212" во Белград завчера премиерно беше изведена претставата „Балада за Пишоња и Жуга", по текст на Владимир Ѓурѓевиќ, инспирирана од мотивите на славните песни за двајцата неразделни пајташи од осумдесетите на минатиот век.