„Кунг фу" го следи животот на Ли од 18-годишна возраст до неколку години пред неговата смрт на 32. Главната улога ја игра Кол Хориб (Cole Horibe), кој на американската публика ѝ е познат по натпреварувачкото телевизиско шоу „Значи мислиш дека знаеш да танцуваш", во кое изведувал кореографии кои ги комбинираат боречките вештини со современиот балет.
Хориб (28) кој е растен на Хаваи, почнал да ги проучува борбените вештини кога бил многу млад. Негов најголем проблем во подготвувањето на претставата бил кога ќе замавне да не удира вистински, бидејќи целиот негов претходен тренинг бил за реална борба.
„Морав да се потсетувам себеси во сцените со борба - мисли на ова како на танцување", изјавил тој. „Татко ми инсистираше неговите деца да се занимаваат со боречки вештини за да научат како да се заштитат себеси. Тој секогаш ни велеше да замислиме дека пред нас, додека изведуваме некоја вештина, се наоѓа реален човек. Затоа и во претставата ми е тешко да се одвикнам од ова, секогаш ми доаѓа навистина да замавнам во партнерот".
Авторот на претставата која својата премиера ја имаше во њујоршката Signature Theatre Companyоваа недела, Дејвид Хенри Хванг, најпрвин сакал претставата да биде мјузикл. Но иако планот не му успеал, во неа има неколу сцени кои вклучуваат танцување. Својот стил Брус го изградил преземајќи движења од науката, боксот, каратето, па дури и кинеската опера. Токму ваквата еклектичност го направиле посебен и во актерска и во борбена смисла.
Една од темите во претставата е односот на Ли со татко му, кој бил актер во кинеската опера. Ли се преселил во САД и долго време одбивал да се врати дома, токму заради нивното несогласување. Во една замислена сцена тој го посетува гробот на татко му и се бори со неговиот дух. Замавнувајќи со долги дрвени стапови, тие истовремено се расправаат околу прашањата кои ги мачеле со години, за на крајот сепак да се помират.
Сцени од пробите за претставата: