„Секс скандалот Длабоко грло" ја раскажува приказната за снимањето на филмот и контроверзите по неговото прикажување во седумдесетите. Во претставата глумат порно ветерани како Вероника Харт и Хершел Севиџ, а специјален гостин е и Рон Џереми.
Со ваква екипа јасно е дека таа содржи „материјал за возрасни" и дека нема да биде за малолетни. Главните улоги, на местата на Линда Лавлејс и Хари Римс се уште не се објавени. Рон Џереми ќе биде еден од ротирачките гости во претставата. Тој нема играно во оригиналниот „Длабоко грло", но се појавил во четвртото, петото и последното, шесто продолжение.
За оние кои не се сеќаваат на филмот, во него се работеше за сексуално фрустрирана жена која после првичните проблеми со оргазмот, со помош на доктор си ја открива Џи-точката...во грлото. Филмот трае само еден час, и на моменти е навистина хумористичен, со звук на огномет и камбани секогаш кога Лавлејс ќе го постигне врвот.
Иако добил куп лоши критики и бил забрануван, од денешна перспектива филмот се смета за почеток на посебен „порно шик" жанр, со сопствена филмска естетика. Нему му е посветен документарец од 2005. („Внатре длабокото грло"), мјузикл „Лавлејс: рок опера", а најавен е и филм посветен на оваа рана порнографска ѕвезда со Аманда Сајфрид (на сликата) во главната улога. Како референца во поп културата филмот е познат и по прекарот на еден од главните информатори во аферата Вотергејт, кој давал информации на уредниците на Вашингтон Пост во врска со вмешаноста на Никсон во истата, а за кого подоцна се дознало дека е еден од поранешните директори на FBI, Марк Фелт.