Конор МекГрегор се повлекува?

Како гром од ведро небо, на 90 дена до реваншот со Дијаз, ирскиот шампион на Твитер објави дека се повлекува така млад. Нема потврда од тренерот и менаџерите, а причините се бараат во неколку правци.

Ирскиот борец Конор МекГрегор (27) ја откажал борбата и реваншот со Дијаз во Ултимејт Чемпионшип закажана за јули, откако синоќа преку Твитер објави дека се повлекува од овој спорт.
 
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт сè уште не го потврдил повлекувањето на МекГрегор, но изјави дека борба меѓу Ирецот и Нејт Диаз од УФЦ 200 на 8. јули, како што првобитно беше договорено нема да има.
 
Вајт додаде и дека МекГрегор бил отстранет од натпреварувањето затоа што одбил да лета во Лас Вегас за прес-конференцијата и промотивните фотографии и плакати. Минатиот месец Диаз стана првиот човек што го совладал МекГрегор во УФЦ.
„Конор не сакаше да дојде во Лас Вегас и да снима за комерцијалните потреби. Сега тренира на Исланд, таму е. Дали ќе се повлекува? На тоа прашање одговорот го знае само тој“, изјавил Вајт синоќа.
Тренерот на фајтерот од Даблин, Џон Каванах беше недоречен во објавата на Твитер и напиша дека твитот на Конор предизвикал разни коментари. За целата конфузија да биде поголема се огласи и Нејтан Дијаз и препорача на Твитер дека и тој се повлекува од УФЦ.
 

Медиумите на Островот потсетуваат дека ваквата одлука на МекГрегор доаѓа само една недела по трагичната смрт на португалскиот УФЦ борец Жоао Карваљо кој починал после повредите здобиени на Total Extreme Fighting турнирот на почетокот на месецот. Конор, инаку близок пријател на Карваљо го гледал мечот во живо веднаш до рингот.

Ирецот го нарече Карваљо „пеколен борец" во еден пост на Фејсбук. „Да видиш млад човек како го прави тоа што го сака, борејќи се за шанса за подобар живот и сетоа тоа потоа да исчезне е навистина трогателно".

Јаху спортс пишува дека шпекулациите дека нешто не штима во односот меѓу раководството на УФЦ и МекГрегор не се издржани и повеќе личи дека се работи за презаситеност едни од други, отколку недоразбирање.

Конор МекГрегор сè уште не се огласи по синоќешниот твит што некој го протолкуваа со резерва.