Таг: ултимејт фајт

Конор конечно се враќа, одреден датумот кога ќе се бори

После бурата со Хабиб и неговите Дагестанци, лудиот Ирец сега има друг противник, кој го планира како отскочна даска за Хорхе Масвидал кој бара „да не го пуштаат тоа момче со него затворен во ринг, дека ќе го повреди“.

Еуфоричен пречек на Хабиб Нурмагомедов во Дагестан

По 17-часовниот пат од САД до дома, Хабиб го пречекале еуфорично како да е избран нов претседател на кого му се поклонува целата земја. Човек што не знае што се случува кога би гледал од страна би мислел дека дошол некој чудотворец а не тепач од UFC.

Ѕверот од камерунски каменолом кој стигна до врвот

„Не живеев, јас преживував“, вели Франсис Нгану, борецот од Камерун кој во рана младост изморен од каменоломот, решава да ризикува и да се проба во Париз од каде стигнува до врвот.

Конор не се опаметил, го вика Мејведер да се пробаат во ММА

Ирскиот борец Конор МекГрегор упати отворена покана до американските боксери Флојд Мејведер и Пол Малињаџи да се борат по правилата на ММА, пренсува Boxing Scene.

Мирко Филиповиќ го прашува Вандерлеј Силва дали мирно спие

По ремито во 2002-ра и бруталниот хај-кик нокаут во 2006-та Мирко Филиповиќ по трет пат во кариерата ќе се бори против неверојатниот Бразилец Вандерлеј Силва. Јапонската организација Ризин ги одлучи паровите на четвртфиналето од Светската Гранд При серија. Мирко и Вандерлеј, великаните на УФЦ ќе се судрат на 29 декември во Саитама Супера Арената во градот Саитама во Јапонија. Хрватот веќе опасно се спрема.

Најнасилниот хулиган во Европа е од Варшава

Полските хулигани важат за едни од најопасните на континентот. Кога некоја екипа од оваа земја гостува во друга, полицијата знае дека ќе нема раат неколку дена. Билдаат, имаат сопствени кик-бокс клубови во кои се претвораат во прави животни и се страв и трепет за противниците.

Валентина Шевченко - силната девојка од УФЦ светот

Повеќекратната шампионка во тајландски бокс реши да се проба во УФЦ каде пред неколку дена ја патосираше некогашната шампионка Холи Холм. Валентина Шевченко има три државјанства, живее во Перу и боксува насекаде низ светот.

Конор МекГрегор се повлекува?

Како гром од ведро небо, на 90 дена до реваншот со Дијаз, ирскиот шампион на Твитер објави дека се повлекува така млад. Нема потврда од тренерот и менаџерите, а причините се бараат во неколку правци.

Враќањето на Конор МекГрегор

Откако Нејт Диаз буквално го прекрши пред 2 недели, Ирецот чесно го призна поразот и со видео во кој има монолог од Роки Балбоа, најави враќање во рингот.

Ирско знаме на тераса, знак за МекГрегор да ви дојде на гости

Пасиониран навивач на светскиот УФЦ борец Конор МекГрегор на тераса во домот во Лас Вегас закачил картонска фигура од шампионот и ирски знамиња. Тоа како да беше доволен знак да разменат неколку реплики, па и да се запознаат набрзо.

10 најдобри ММА нокаути на годината

Конор МекГрегор и Холи Холм се прославија годинава со фантастични нокаути, но покрај нив ММА гладијаторите ни оставија уште многу теми на муабет за тоа чиј нокаут беше најдобар во 2015-та.

Која е Холи Холм?

Ќерката на свештеникот која што ја тргна од престолот неприкосновената Ронда Роузи во разговор за сајтот GQ раскажува колку ѝ се сменил животот по триумфот во Австралија.

Нокаут на денот, Ронда Роузи ја загуби титулата

Поранешната боксерка Холи Холм го изненади светот откако синоќа во втората рунда со хед-кик ја нокаутираше светската шампионка Ронда Роузи во Мелбурн.

Ултимејт нокаут за седум секунди

Борбата меѓу Макван Амиркани и Енди Огл траеше нецели 8 секунди пред Финецот да го патосира Англичанецот.