Покрај Мирко и Вандерлеј, парови од четвртфиналето се уште и Естонецот Каидо “Баруто’ Ховелсон против Јапонецот Цујоши Косака. Естонецот Баруто е страшна појава во рингот како и сите поранешни сумо борци. Неговата маса од 150 килограми може да биде потенцијално опасна за сите ривали ако се најдат под него на подот.
Дебитираше минатата година токму во Ризин а може да се пофали со голема победа против легендата на К-1, Питер Аертс.
Цујоши Косака е единствениот човек кој го победи легендарниот Федеро Емелјаненко пред неговите три порази во Страјкфорс. Ветеранот Косака го победи Русинот во 2000. година а 16 години подоцна се појавува во четвртфиналето со специјална покана после повредата на Јири Прохажка.
Останатите два пара се Шејн Карвин - Амир Алиакбари и Валентин Молдавски - Шимон Бајјор. Победникот од борбата Мирко - Вандерлеј ќе оди на посилниот од мечот Баруто - Цујоши Косака а еден од Шејн Карвин или Амир Алиакбари ќе оди на Молдавски или Шимон Бајор на 31. декември.
Хајлатс од најдобрите моменти во кариерата на Мирко: