По ремито во 2002-ра и бруталниот хај-кик нокаут во 2006-та Мирко Филиповиќ по трет пат во кариерата ќе се бори против неверојатниот Бразилец Вандерлеј Силва. Јапонската организација Ризин ги одлучи паровите на четвртфиналето од Светската Гранд При серија. Мирко и Вандерлеј, великаните на УФЦ ќе се судрат на 29 декември во Саитама Супера Арената во градот Саитама во Јапонија. Хрватот веќе опасно се спрема.