Периодов некако сите слушавме за него, но како да не знаевме поединости за наследникот на Мирко Филиповиќ.
КОЈ Е ТОЈ?
Стипе Миочиќ има 35 години. Роден е во САД во семејство на хрватски имигранти. Во средното школо играл бејзбол, а кога се запишал на Универзитетот во Кливленд, сериозно го следела најдобрата бејзбол лига на светот MLB.
Во Кливленд, Стипе го освоил турнирот „Златни ракавици“ - главниот турнир на млади аматерски боксери во САД. Брзо станал и најдобар во категоријата борење на Универзитетот. Се вработил и во пожарната станица и почнал кариера во MMA.
Во 2011 Стипе првпат се појавил во UFC, а после пет години станал шампион. Навивачите од Кливленд не славеле поголема победа уште од 1964 година, кога нивната екипа по американски фудбал стана сензационален победник во НФЛ.
Миочиќ го донел појасот во градот и станал херој. Така Хрватот првпат го скршил мразот.
ПО ШТО Е НЕСТАНДАРДЕН?
По ништо. Стипе е нормален дечко од соседството кој помага при селењето на комшиите, им носи лекови и потребни работи на постарите луѓе и ги превезува другарите кога ќе претераат со чашката. Во Кливленд важел за скромен, добар, чесен лик. А притоа ги тепаше најдобрите борци на светот.
UFC никако не може да го продаде Хрватот зошто тој е обичен, секојдневен лик, а не галамџија како Конор или другите. Затоа организацијата се решила негов противник да биде монструзниот Нган, кој на крај стана жртва во борбата со Стипе.
„Никогаш не сум помислил дека ќе работам во пожарникарска станица. Сакам да им помагам на луѓето, а никогаш не знаеш како ќе ти тргне боречката кариера. Сакам да работам и не ми бега умот ниту во слободното време“, скромно вели Стипе.
ЗОШТО Е СТИПЕ НАЈГОЛЕМ ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА?
Титулата постојан шампион во UFC во тешка категорија се појави во 1997 година. Од тогаш ниту еден борец не ја одбранил титулата повеќе од два пати. Борците во оваа категорија можат да соборат и носорог, но конкуренцијата со текот на време стана се подостојна. Имаше 14 шампиони, а потоа се појави Миочиќ.
Во походот кон одбрана на титулата, Стипе со нокаут го победи Алистер Оверим. Следуваше поранешниот светски првак и еден од најголемите Џуниор Дос Сантос. Него Стипе го стокми за две минути.
Потоа на ред дојде и бразилскиот мастер по џиу-џицу Фабрисио Вердум, ниту неверојатниот Кејн Веласкез.
А титулата ја одбрани против ѕвер од кои бегаат и најблиските негови соработници. Хрватот претрпе страшни удари во првата рунда, а потоа реши да го стисне Камерунецот во партерот. Така по вторпат го сруши проклетството на трета одбрана на пехарот. Миочиќ славеше победа со едногласна судиска одлука (50:44, 50:44, 50:44) во исцрпувачк меч со седум кила потешкиот и снажен Камерунец Франсис Нгану.
Кога се вратил на работа скоро и да не можеле да го познаат (лицето му било цело потечено и помодрено), но Стипе стана првиот шампион во цели 20 години кои ја одбранил титулата во UFC повеќе од два пати.
OOOOOOHHHH!
— UFC (@ufc) January 21, 2018
The champ is in great form tonight! #UFC220 pic.twitter.com/CPkya7PWtI
„Не мислам за себе дека сум подобар од некој друг само зошто имав среќа да успеам во борбата. Работам во пожарна, се тепам со луѓе во UFC и живеам свој живот“, скромно заклучува големиот шампион роден во 1982 година.
За големиот успех му честитаа и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ во име на Владата.